Ален и Адријан Рустемовски тргнуваат по титулите во Пале

Денес Битола повторно ќе го покаже својот спортски дух преку двајца млади и исклучително талентирани боксери – браќата Адријан и Ален Рустемовски.

Тие ќе се борат за златни медали на Отвореното Балканско првенство, кое се одржува во Пале, Босна и Херцеговина.

Во финалните борби ги очекуваат сериозни противници: Ален Рустемовски ќе се соочи со Србинот Стефан Чамовиќ, а Адријан Рустемовски ќе влезе во рингот против Русинот Артур Нагаптјан.

Со срце, дисциплина и борбен дух, овие момчиња ја претставуваат не само Битола, туку и цела Македонија.