Пелистер го загуби големото дерби против Вардар со 1-2, со кое се затвори 12. коло од Првата македонска лига (ПМФЛ). По мирното прво полувреме, сите три погодоци беа постигнати во вториот дел.
Тренерот на битолскиот тим не беше разочаран од играта на својот тим, и покрај солидниот настап.
„Разочарани сме, затоа што ова беше најдобар натпревар на Пелистер. Жал ми е за момците, затоа што загубивме по две наши грешки. Тоа се случува, но во иднина мора да бидеме концентрирани. Не смееме сами себе да се победуваме.
Му препуштивме на Вардар повеќе да ја држи топката, мене искрено поседот не ми значи многу, поважно ми беше да создаваме добри шанси. Можеби во завршницата на акциите некои играчи не напаѓаа толку длабоко како што барав од нив, но мислам дека имаме добра основа за понатаму.
Задоволен сум од прикажаното, не би сакал да ги потенцирам грешките и нема да им замерам на моите момчиња. Најважно е да се одмориме физички и психички и да се подготвиме за следните предизвици. Жалам што не освоивме барем бод денеска“, смета тренерот Стојановски.
Пелистер нема победа девет кола и ќе се обиде да ја прекине црната серија в недела од 13:00 часот против Брера.





