Дербито меѓу Пелистер и МЗТ Скопје во чест на Зоран Петковски

Пелистер има перфектни 5-0 од стартот на домашното првенство, серија што сакаме да ја продолжиме и на претстојното дерби со МЗТ Скопје (сабота, 20:00 часот, сала „Боро Чурлевски“).

Овој меч битолските „зелено-бели“ ќе го играат во чест на клупската легенда Зоран Петковски, кој неочекувано почина минатиот месец. Петковски беше и останува дел од историјата на КК Пелистер, а управата одлучи сите приходи од продадените влезници да бидат уплатени на семејствот на „Петкото“.

Билетите по цена од 150 денари ќе можат да се набават во „Зикс“ и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“. Пелистер против МЗТ Скопје, двете поранешни екипи на Петковски, в сабота ќе играат во чест на битолската кошаркарска легенда.

Бидете и вие дел од овој настан со хуманитарен карактер.