По три недели се враќа Лигата на шампионите и натпреварот на неделата меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед.
Тренерот Рубен Гарабаја во најавата за дуелот рече:
„Ќе имаме нов тежок меч во Лигата на шампионите, ПИК Сегед е одличен тим со неверојатни играчи на сите позиции. Одбраната им е гранитна, шутираат од секаде, особено од далечина. Во екипата е еден одличен голман и можеби едно од најдобрите крила во натпреварувањето, но ние ќе се обидеме да им ги поматиме сметките. Се надевам дека тимот наскоро ќе биде комплетен, тоа ќе биде одлично за нас. Против ПИК Сегед ќе го дадеме нашиот максимум, мојата порака до фановите е дека ќе видат борбен тим со желба за победа“:
Двете екипи за осум дена во Унгарија ќе играат во рамките на осмото коло на групната фаза на Лигата на шампионите.





