Пелистер се избламира и во последниот меч во ФИБА Еврокупот (ФОТО)
19 ноември 2025 – 21:16
Кошаркарите на Пелистер беа поразени и во последниот меч од ФИБА Еврокупот, и тоа на домашен терен од Керавнос со 74-92, па така со една победа и пет порази го завршува настапот во елитното натпреварување.
По натпреварот тренерот Борче Даскаловски рече:
„Ова е убедливо најлош натпревар што го одигравме. Потфрливме комплетно во сите сегменти, буквално сите играчи не беа на потребното ниво. Ни недостасува искуство и квалитет, кога за првпат се соочувате со сериозни противници, мора да сте одлично подготвени.
Може да зборуваме и за квалитетот на странските играчи, но мислам дека како целина оваа сезона не е воопшто лоша за Пелистер.
Најважно е клубот да се фокусира на иднината, тука има одлична основа со Митревски, Крстевски, Лука Стојановски, Стајиќ. Мислам дека на оваа основа, со добро одбрани странци во тимот, Пелистер има шанси за многу повеќе во Европа“.
Најефикасен кај битолчани беше Кевин Брејси-Дејвис со 16 поени, додека Вилсон постигна 13 поени.





