Тројца пелистерци на списокот на Илиевски за претквалификациите за СП

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.

На списокот се тројца кошаркари на Пелистер: Андреј Митревски, Лука Стојановски и Бобан Стајиќ.

Тројцата натурализирани се најдоа на списокот, а најверојатно Вајли ќе игра на првиот меч против Азербејџан, бидејќи останатите двајца кошаркари Омари Мур и Нејт Сестина ќе имаат обврска во Евролигата.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот собир е закажан за 24 ноември (понеделник), со почеток во 10:30 часот во салата на СРЦ „Кале“.

Кошаркарите ќе одиграат два натпревари во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“, и тоа против соодветните национални селекции на Азербејџан и на Ирска.