Три битолчанки на списокот на Грчевски за турнирот во Турција

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за меѓународен турнир во Турција.

На списокот се повикани битолчанките: Ангела и Марија Јанкуловска и Емилијана Ризовска.

Меѓународниот турнир ќе се оддржи во Анкара, Турција во период од 4 до 8 декември, а нашите ракометарки ќе оддираат средби против сениорските селекции на Словачка, Словенија и Турција.

Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
05.12 – Македонија – Турција – 16:00 часот
06.12 – Македонија – Словенија – 14:00 часот
07.12 – Македонија – Словачка – 12:00 часот

Собирот ќе се одржи в петок во Хотел Ангро – Кавадарци во 12:00 часот.