Во необичен петочен термин беа одиграни натпреварите од 13. коло на Втората фудбалска лига.
Изненадување приреди екипата на Новаци со голема победа на гостувањето кај Беласица во Струмица од 0-1. Долго време домашниот тим се трудеше да дојде до гол, но не успеваше. Решавачкиот момент се случи во 80. минута од средбата, а херој на Новаци беше Мартин Богдановски.
Со овие три бода Новаци изби на шестото место со 23 бода. Во следното 14. коло во вторник го пречекува лидерот Шкендија Арачиново.





