Половичен пинг-понг викенд за Пелагонија и Пелистер

Викендов во СЦ „Јане Сандански“ беа одиграни уште две кола од шампионатите на Македонија во пинг-понг. Четвртото и петтото коло во Суперлигата и Првата лига донесоа голема борба и по некој неочекуван резултат.

Двата битолски клуба запишаа по една победа и пораз – Пелагонија во Суперлигата и Пелистер во Првата лига.

Суперлига
Четврто коло:

Крива Паланка – Телеком НЕЦ 2 4-3
Пелагонија – Шампион ФА 2-4
Вардар – 10 60 АС Ѓорче Петров 4-2
Астраион – Радовиш 4-0
Крива Паланка 2007 – Младост 96 0-4

Петто коло:
Шампион ФА – Вардар 4-2
Пелагонија – Телеком НЕЦ 2 4-1
Младост 96 – Астраион 4-2
10 60 АС Ѓорче Петров – Крива Паланка 2007 4-2
Радовиш – Крива Паланка 0-4

Прва лига
Четврто коло:

Пелистер – Телеком НЕЦ 4-2
Дебар Маало – Борец ТИМ 1-4

Петто коло:
Рисови – Пелистер 4-3
Телеком НЕЦ – Берово 2 4-1