Ален Рустемовски пристигна по историја на Светското првенство во Дубаи

Двајца македонски боксери веќе пристигнаа во Обединетите Арапски Емирати. Ален Рустемовски и Арјан Исени ќе ги бранат боите на Македонија на Светското боксерско првенство за сениори во организација на ИБА.

Светското првенство ќе се одржи во Дубаи, во периодот од втори до тринаесетти декември. Битолчанецот Рустемовски за Дубаи отпатува од Белград, каде што беше на мини подготовки, а Исени од Соединетите Американски Држави, каде живее и се подготвува за настапот на планетарниот собир.

И двајцата се во добра форма и се очекуваат добри настапи, што автоматски ги крева надежите во јавноста за одлични резултати.