Ракометарките на ЖРК Пелистер со стил ја завршија полусезоната. Битолчанки со триумф среде Скопје ја затвори календарската година. Во дербито на дното од 13. коло од Суперлигата ЖРК Пелистер го надигра Спартак со 20-31 (7-11).
Најефикасна во победничкиот состав беше Анастасија Тодоровска со девет погодоци, од кои шест од линијата за седум метри. Значаен придонес во победата дадоа и Сара Котевска и Даниела Шиниковска со по пет голови.
Кај екипата на Спартак, најрасположена беше Зорица Андовска со седум погодоци, додека Јана Грковска натпреварот го заврши со пет реализации.
На табелата сега ЖРК Пелистер има четири бодови на седмото место.





