Историски рекорд на Елена Тасевска: „Трипл-дабл“ во мак-кошарката!

Кошаркарките на ЖКК Вардар дојдоа до свој клупски рекорд според бројот на постигнати поени на еден првенствен натпревар од сениорска конкуренција.

Реализираа дури 136 поени во дуелот со младинскиот состав на екипата на Патриот од Делчево кој се појави „Под Кале“.

Шест домашни кошаркарки завршија со двоен број на поени. Но вториот момент за паметење, е тројниот ефект на капитенот, битолчанката Елена Тасевска.

Репрезентативниот бек дојде до учинок од 20 поени, на кои придодаде и 14 скока и 10 асистенции. Имаше и шест освоени топки и пет загубени за само 22:11 минути во играта, и 42 индексни поени.