Пелистер загуби од првакот на БиХ во вториот тест во Анталија

Македонските клубови со пријателски натпревари ја бараат формата за продолжението од сезоната. Денес Пелистер го претрпе првиот пораз во вториот тест натпревар.

Пелистер се сретна со Борац Бања Лука на контролен меч кој се играше во Анталија. Битолчани загубија со 0-2, двата гола ги примија во второто полувреме.

Инаку ова беше втор меч за тимот на стратегот Милан Стојановски од подготовките во Анталија, на првиот одиграа без победник 2:2 со Спартак Суботица.

Во Анталија фудбалерите на Пелистер ќе одиграат уште неколку вакви пријателски мечеви, да потсетимедека вчера контролата со сараевски Железничар беше откажана поради лошите временски услови.