Пелистер волеј го загуби дербито со Јанта волеј во Скопје

Одбојкарките на Пелистер волеј со пораз ја отворија 2026 година. Победнички старт на полусезоната за шампионот Јанта волеј, кој на домашен терен со 3-1 (21-25, 25-17, 25-21, 25-16) го победи Пелистер волеј.

Тимот од Битола имаше сигурно отворање на дуелот и поведе со 0:1 во сетови, но одбојкарките на Јанта со пресврт стигнаа до трите бода.

Со овој натпревар беше комплетирано 10. коло од Првата лига жени.