Женската фудбалска репрезентација домашните натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство ќе ги игра во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“.
Женската селекција квалификациите ги почнува на трети март со дуелот против Азербејџан, а четири дена подоцна во Битола гостува Андора.
Во вториот циклус на 14 април, Македонија е домаќин на Унгарија, а на 18 следува второто соочување со истиот противник.
Квалификациите завршуваат во јуни со уште два натпревари. На петти и гостуваме на Андора додека на деветти го пречекуваме Азербејџан.





