Никола Малешевиќ е МВП на 15. коло на Суперлигата

Никола Малешевиќ од Пелистер е најкорисен играч (МВП) на четиринаесеттото коло во македонската Суперлига.

Малешевиќ имаше одлично издание во победата на Пелистер на гостувањето кај Маџари (83-99), каде забележа учинок од 24 поени, шест скокови и три асистенции, остварувајќи севкупен индекс на корисност од 33.

Супер-издание на овој меч прикажа и плејмејкерот Бобан Стајиќ (26 поени), а ништо полош не беше ниту Амар Хот, со 28 поени и осум скокови.

Во идеалната петорка на колото се најдоа уште Александар Радукиќ од МКК Куманово (индекс 29) и Кајл Стурдивант од тимот на Чаир 2030 (26 индексни поени).