Пелистер волеј се надмина себеси и го совлада Работнички во четири сета

Синоќа во Битола видовме маестрално издание на девојките на Пелистер волеј кои покажаа на свој терен, во салата „Јован Калаузи“ покажаа дека можат да се носат со големи екипи и го совладаа Работнички со 3-1 во сетови.

Од Пелистер Волеј нагласуваат дека клучно е да се напомене дека капитенот Стефани Најдановска на резултат 14-20 ја превзеде одговорноста и направи неверојатна серија со својот разорен сервис.И публиката во Битола, синоќа, беше ветер во грб за одбојкарките на Пелистер волеј, која со своето громогласно навивање од кое на моменти не можеше да се слушни судиското свирче, остана верна до самиот крај и ја направи атмосферата фантастичнна.

По четиринаесет одиграни кола лидер на табелата во првата лига е Наковски Волеј со 41 бод, второпласирана е екипата на Работнички со 32 бода. Екипата на Пелистер волеј е на шестото место со 19 бода.