Новаци загуби во Тетово, врвот станува тешко достижен

Фудбалерите на Новаци западнаа во криза кој најмалку тоа од нив се очекуваше. Со два порази во две кола тимот на Дарко Крстески го загуби чекорот со водечките екипи во Втората фудбалска лига.

Голема победа во трката за опстанок извојува екипата на Тетекс, која што на свој терен беше поуспешна од Новаци со 2-1. Тетовскиот тим до овој триумф стигна благодарение на комичниот автогол кој што гостите си го постигнаа во вториот дел.

Новаци е шести со 36 бода, осум помалку од зоната која носи бараж.

Во следното 21. коло новачани гостуваат кај Саса.