Пелистер волеј вторпат неделава совладана од Газели волеј

Претпоследното, 17. коло од регуларниот дел на сезоната во Првата лига жени донесе турбуленции на табелата, особено на врвот во директните дуели за подобра позиција во плеј-офот.

Газели Волеј по вторпат оваа недела го победи Пелистер волеј со 3-0. „Газелите“ претходно го елиминираа битолскиот состав во четвртфиналето од Купот на Македонија, а сега истиот резултат го повторија и во првенството.

17. коло:

Вардар ЕМ – Јанта Волеј КВ 1-3 (25-14, 19-25, 25-15, 25-23)
Газели Волеј – Пелистер Волеј 3-0 (25-23, 25-19, 25-16)
Фит Фан Волеј – Ускана 3-1 (25-10, 22-25, 25-10, 25-19)
Струмица жени – Наковски Волеј 1-3 (20-25, 25-21, 21-25, 14-25)
Работнички Скопје – Младост УГД 2-3 (25-22, 25-18, 22-25, 22-25, 11-15)