ТСК Степ АП ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во Солун

Танчерите на ТСП Степ АП се новите национални шампиони во SUPER NOVA Small Team Latin. Со овој пласман групата девојки се пласираа на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи в петок во Солун, Грција.

Битолскиот тим ќе го претставува клубот, градот Битола, ќе је претставува нашата танцова спортска федерација, но најважно од сѐ ќе ја претставува Македонија.

Предводени од нивниот искусен и веќе докажан во оваа сфера тренер и кореограф Јагода Димовска девојките кои се дел од репрезентацијата на македонскиот танцов спорт ги прават последните подготовки пред претстојното првенство.