Пелистер волеј го загуби првото четвртфинале со Работнички

Екипата на Пелистер волеј од Битола е поразена од Работнички во првиот четвртфинален дуел од плеј-оф серијата, во натпревар во кој домашните одбојкарки играа добро, посебно во четртиот сет кога имаа прилика да се изброрат за петти, одлучувачки сет. Но една судиска одлука, во корист на гостите, им ги скрати доживувањето на публиката да гледаат петти сет.

Во првиот сет до 16 поен се играше поен за поен, по што следеше една серија од 5 поени на противникот кој денес одигра на едно високо ниво во првите два сета особено со нивниот одличен сервис. Пелистер возврати со маестрална игра во третиот сет и брзо намали на 1-2.

Драма имаше до самиот финиш на четвртиот сет во кој Работнички беше посконцентриран, беше изедначено таму некаде до 20-21 но победата им припадна на екипата од Скопје.