По завршувањето на 22.коло Суперлигата, согласно со системот за натпреварување, во вториот дел од натпреварувачката сезона, 12 екипи ќе бидат поделени во две натпреварувачки групи.
Екипите кои според пласманот се од првото до шеестото место, (со пренесени резултати од првата фаза), ќе играат во „ТОП 6“ сегментот, додека екипите кои завршија од 7. до 12. позиција, ќе се натпреваруваат во плеј-аут делот.
Во втората фаза, која ќе стартува на 11 април, а ќе заврши со 25 април, шесте екипи ќе одиграат според еднокружен „Оролоџо“ систем, во пет натпреварувачки кола, според принципот „секој со секого“.
Распоред на натпревари во плеј-офот:
Прво коло (11 април)
ТФТ – Тиквеш
МЗТ Скопје – Кожув
Пелистер – Маџари
Второ коло (15 април)
Тиквеш – Маџари
Кожув – Пелистер
ТФТ – МЗТ Скопје
Трето коло (18 април)
МЗТ Скопје – Тиквеш
Пелистер – ТФТ
Маџари – Кожув
Четврто коло (22 април)
Тиквеш – Кожув
ТФТ – Маџари
МЗТ Скопје – Пелистер
Петто коло (25 април)
Пелистер – Тиквеш
Маџари – МЗТ Скопје
Кожуф – ТФТ





