Пелистер волеј вторпат поразен од Работнички, сезоната ја заврши во четвртфиналето на плеј-офот

Пелистер волеј ја заврши својата прва сезона по враќањето во Првата лига во четвртфиналето на плеј-офот.

Работнички Скопје е последниот патник во полуфиналето на плејофот, откако и во реванш дуелот од четвртфиналната фаза со ист резултат како и на првиот меч во Битола, 3-1 (22-25, 25-16, 25-23, 25-14) го победи Пелистер волеј.

Во полуфиналето Јанта Волеј КВ ќе се соочи со лидерот на прволигашката табелата Наковски Волеј, додека Младост УГД ќе му биде противник на Работнички Скопје во продолжението.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари, а првиот меч е предвиден за 17 април, на теренот на подобро пласираната екипа, односно Наковски Волеј ќе го пречека Јанта Волеј КВ, додека и Младост УГД и Работнички Скопје ќе се соочат во Штип.