Зоран Мишевски

Зоран Мишевски

Митревски несовладлив, Еурофарм Пелистер го освои Охрид и го запоседна второто место

Еурофарм Пелистер издвојува голема победа над ГРК Охрид од 22-25 (10-16) во дерби средбата од 9. коло од плеј-офот во Суперлигата. Со оваа победа тимот на Алексо Лембанов сам од себе зависи за освојување на второто место и пласман во…

Ален Рустемовски најдобар боксер на Гран при Загреб

Битолчанецот Ален Рустемовски и охриѓанецот Наум Стојановски освоија златни медали на престижниот меѓународен турнир Гран при Загреб – Меморијал „Јосип Јовиќ“, а Рустемовски беше прогласен и за најдобар боксер на турнирот. Ален Рустемовски имаше одличен настап во финалето против еден…

Пoследна битка за „бронзата“ со ТФТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер утре со почеток во 12:00 часот го играат својот последен овосезонски натпревар, во салата во скопско Маџари гостувајќи му на тимот на ТФТ во мајсторката од „малото финале“ за освојување на третото место во плејофот.„Пелистерци“ минатиот викенд…

Пораз од ТФТ на последниот меч во Битола сезонава

Кошаркарите на Пелистер во драматичен дуел загубија од ТФТ со резултат 112-116 (по продолжение од пет минути), по што серијата за третото место во македонскиот шампионат сега е израмнета на 1-1, пред мајсторката што ќе се игра во Скопје. За…

Потпишан договор за почеток на новата регионална лига во ракомет

Денес во Подгорица беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката…

Христијан Илиоски од Турција се врати со две втори места

Најтрофејниот македонски мотоциклист, битолчанецот Христијан Илиоски – Кико продолжува со одличните настапи меѓународна сцена, откако освои две втори места на трките во Афионкарахисар, Турција, во рамки од БМУ Европскиот шампионат. Илиоски и покрај големата конкуренција успеа да се избори за…

По едно полувреме за двата тима, Тиквеш и Пелистер одиграа и за себе и за публика

Временските услови наметнаа претпазлив почеток, бидејќи играчите ги дочека дожд кој придонесе теренот да стане на моменти премногу лизгав, а на одредени делови да има застоена вода која го спречуваше нормалното транзитирање на топката. Пелистер прв се осоколи по стартното…

Пелистер посакува континуитет во кампањата за опстанок

Во претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, битолски Пелистер ќе му гостува на Тиквеш. Со оглед на тоа што „зелено-белите“ се во грчевита борба за опстанок, предноста од 6 бода во однос на директните ривали Македонија ЃП и…

Пелистер убедлив на гостувањето против ТФТ

Пелистер направи голем чекор кон освојување на третото место сезонава откако битолчани денеска славеа на гостувањето против ТФТ со убедливи 87-109, во првиот натпревар од серијата на „малото финале“. „Пелистерци“ одиграа перфектни 40 минути на офанзивен план, дојдоа до предност…

Моќни спонзори за уште помоќен Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ќе биде само посилен и пообединет за следната сезона. Клубот денес доби голема поддршка со потписот на спонзорски договор со голема корпорација. Нови спонзори во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се трите компании „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.…