(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)
1985 – ПРВОТО МЕСТО И ЗА МАРИНКОВИЌ
Ракометарот на РК „Пелистер”, Драган Маринковиќ, за прв пат се најде меѓу десетте најдобри спортисти и за 1985 година беше прогласен за спортист на Битола. За најуспешни екипи беа прогласени” РК „Пелистер”, ПСД „Пелистер” и БК „Пелистер”. Признанија им беа доделени и на спортски работници. Практиката и Битолски весник, врз основа на своите читатели да подготвува посебна ранг-листа изостана.
Во организација на СОФК-а при крајот на јануари 1986 година беа избрани најдобрите спортисти и трите најуспешни екипи за 1985 г.
Практиката што беше воспоставена пред неколку години функционираше и при овој избор. Спортските друштва и клубови до комисијата на СОФК-а испратија свои предлози и врз нив, главно, се темелеше составувањето на листата на најдобрите.
Ранг-листа на најдобрите за 1985 г.
- Драган Маринковиќ -ракомет
- Војо Атанасовски-скијање
- Златко Пецаковски-борење
- Неџат Хусеин-фудбал
- Седат Керимов-бокс
- Никола Натев-стралаштво
- Петар Трсунов-атлетика
- Томе Димитровски-фудбал
- Блага Николовска-кошарка
- Валентина Таневска-ракомет
На прво место се најде ракометарот на „Пелистер”, Драган Маринковиќ, којшто BO минатата година беше член на младинската репрезентација на Југославија, па дури стана и нејзин капитен. Учествуваше на светското првенство за младинци што се одржа во Италија и се закити со бронзен медал.
Скијачите на „Пелистер” во годината што измина постигнаа резултати достојни за почит. Комисијата навистина беше во дилема на кого да му го даде гласот, меѓутоа, на крајот, сепак, се одлучи за Војо Атанасовски, кој со резултатите на скијачките терени, се пласира на второто место меѓу најдобрите.

На третото место се најде Златко Пецаковски, борач. Тој е Државен репрезентативец, a неговите поистоветуваат со меѓународни успеси.
Фудбалерот Неџат Хусеин го зазеде четвртото место. Овој стандарден првотимец на ФК „Пелистер” е и негов капитен, а има големи заслуги за успехот на тимот. Во 1985 г. беше и член на аматерската репрезентација која одигра повеќе натпревари на турнејата во Сингапур.
Седат Керимов е на петтото место. Доволно е да се рече дека е еден од победниците на мошне ценетата боксерска ревија ,,Златна ракавица”.
Стрелецот Никола Натев се најде на шестото место, а потоа следуваа: Петар Трсунов ( атлетика), Томе Димитровски (фудбал), Блага Николовска (кошарка) и Валентина Таневска (ракомет).
За најдобри екипи за 1985 година беа прогласени:
1.РК „Пелистер”
2.ПСД „Пелистер”
3.БК,,Пелистер”

За посебен придонес во развојот на спортот и физичката култура награди им беа доделени на Спиро Мачески и Милорад Стојановиќ.




