Пепи Манасков -ракомет – најдобар меѓу најдобрите во Битола за 1988 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


1988 – МАНАСКОВ ПО ВТОР ПАТ СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА

Изборот на најдобрите спортисти за 1988 година, во јануари 1989 година, заеднички го организираа СОФК-а, Битолски весник и Радио Битола. Дилеми околу тоа кој да биде спортист на годината немаше. Ракометарот на „Пелистер”, Пепи Манасков, кој беше во зенитот на својата слава, по втор пат се искачи на пиедесталот на најдобрите. РК „Пелистер”, пак, беше избран за најуспешна екипа.

Ранг-листа на најдобрите за 1988 г.

  1. Пепи Манасков (ракомет)
  2. Горан Мариќ ( фудбал)
  3. Зорица Катиновска ( кошарка)
  4. Иса Џеват (бокс)
  5. Томе Стојчев ( скијање)
  6. Златко Димовски ( кошарка)
  7. Афри Јусуфи ( велосипедизам)
  8. Миле Цветковски ( атлетика)
  9. Марија Мишкова (стрелаштво)
  10. Златко Неделковски ( кунг – фу)

Пласман на најдобрите екипи:
1.РК „Пелистер”
2.ФК,Пелистер”
3.БК,Пелистер”

Свеченото прогласување на најуспешните спортисти и трите најдобри екипи за 1988 г. се одржа во големата сала на Спомен домот на културата, во присуство на голем број спортисти, спортски работници и граѓани на Битола. Признанијата на најдобрите им ги врачи претседателот на Претседателството на СОФК-а, Петар Атанасовски.

За спортист на годината беше избран ракометарот на „Пелистер”, Пепи Манасков, еден од најдобрите ракометари не само во Битола и Македонија, туку и пошироко. Со добрите игри и постигнатите голОВИ е најзаслужен што „Пелистер” го освои второто место во Првата сојузна ракометна лига, како и за успесите што оваа екипа ги оствари на меѓународната ракометна сцена, посебно во Купот на ИХФ.

Пепи Манасков за спортист на Битола беше прогласен и во 1986 г.

На второ место се пласира голманот на ФК „Пелистер”, Горан Мариќ. „Пелистер”, благодарение на наговата стандардна форма и добрите одбрани, го освои мошне солидното трето место Во Втората сојузна фудбалска лига – Исток. Пласман што на „Пелистер” му ги отвори вратите кон единствената Втора сојузна фудбалска лига. Мариќ беше и аматерски репрезентативец на Југославија.

Капитенот на кошаркашката екипа на,,Битолатекс”, Зорица Катиновска го освои третото место на ранг-листата на најдобрите за 1988 г. Катиновска има големи заслуги што екипата на „Битолатекс” го освои првото место во Втората кошаркашка лига – Исток и се пласира во Првата „Б” лига.

Иса Џеват е млад, но ретко надарен боксер и успешно ги брани боите на прволигашот „Пелистер”. Има само 17 години и боксува со специјална лекарска дозвола. Настапува во бантам и перолесна категорија. На четири средби, забележа четири победи и стана јуниорски првак.

Томе Стојчев е член на ПСД „Пелистер”. Во последните неколку години, успешно настапувајќи на разни натпревари во земјата и странство, освои над 60 медали од кои повеќето се златни. Балкански пионерски првак е за 1986 и 1987, а во 1988 г. учествуваше на шест републички натпревари и шест пати беше прв. Првото место го освои и на меѓународниот натпревар што се одржа на Пелистер.

Златко Димовски е кошаркар на КК „Пелистер”. Има големи заслуги што неговиот ТИМ стана есенски првак BO Македонската кошаркашка лига.

Африм Јусуфи, велосипедист на „Коле Канински”. Ретко талентиран и упорен возач. Го сметаат за еден од најдобрите во Македонија. Во Републиката на повеќето натпревари има освоено неколку втори места.

Миле Цветковски, атлетичар на АК „Олимпија”. Младински републички првак на 400 м.

Марија Мишкова потекнува од познато стрелачко семејство и ги брани боите на стрелачката дружина „Јане Сандански”. Во годината во која се најде меѓу десетте најдобри е општински првак, а во Републиката е втора во стрелање со воздушна пушка.

Златко Неделковски е активен натпреварувач и тренер на Кун-фу клубот „Битола”. Носител е на највисокото звање во овој спорт. Во 1988 г. стана шампион на Југославија во дисциплината Џит – кун – ДО.