(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)
2005 – ГОДИНА НА ЖАРКО СРДИЌ
Билдерот Жарко Срдиќ беше прогласен за спортист на Битола за 2005 година, на манифестацијата што Сојузот на спортови ја организира на 20 јануари 2006 година, пак BO ресторанот „Белведере”. најуспешните екипи.
Откако Извршниот одбор на Сојузот на спортови во целост ја испочитува одлуката на комисијата, во присуство на спортисти и спортски работници беше извршен изборот на десетте најдобри спортисти за 2005 г. Исто така, беа прогласени и трите најуспешни екипи во сениорска и јуниорска конкуренција и се доделија признанија на надежни спортисти и заслужни спортски работници.
За најдобар спортски работник за 2005 г. беше прогласен долгогодишниот боксерски работник Христо Димитровски. Во минатата година, вљубеникот во боксот ја организира и прославата „60 години од боксот во Битола”, манифестација која ги собра сите поранешни и актуелни боксери и боксерски работници од градот и Републиката.
Признанието за најуспешен тренер за 2005 година отиде во рацете на Предраг Созовски од КК „Пелистер”.
За најуспешни педагози беа прогласени Никола Поповски од ОУ „Г.Делчев” и Трајче Ираковски од ОУ „К.Канински”.
Посебни признанија им беа доделени на КК „Пелистер”, за остварените резултати во првиот дел од шампионатот во 2005 г., на Вергита Сули, активен член на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди за освоеното прво место во Македонија во стрелање со воздушна пушка и за титулата државен првак во пинг-понг.
За најдобри надежни спортисти беа прогласени:
Викторија Мицковска од СК „Молика”, севкупен победник во алпско скијање за деца.,
Мирко Ивановски, фудбалер на ФК „Пелистер” и член на репрезентацијата на Македонија до 17 г. Со 16 години веќе настапува за сениорската екипа на „Пелистер”.,
И Петар Апцев кошаркашка надеж на Битола И Македонија.
на За најуспешни екипи во 2005 г. беа прогласени:
РК „Пелистер” за резултатите и успесите остварени и во 2005 г. Ова беше првата битолска екипа што освои двојна круна и избори виза за учество во елитната Лига на шампионите.
Танцов клуб „Степ” – за освојување на титулата државен првак во повеќе категории и учество на повеќе меѓународни натпревари. Во 2005 г. овој клуб го доби и високото општинско поризнание, Наградата -,4-ти Ноември”.
СК „Пелистер” за освојување на титулата севкупен Државен шампион И големите заслуги за продолжување на богатата скијачка традиција на Пелистер.
Најуспешни спортисти на Битола за 2005 г.
- Жарко Срдиќ (боди-билдинг)
- Ана Сртојчева Валентин Апостоловски (мод. танци)
- Љупчо Мицевски ( фудбал)
- Ана Арнаудова (гимнастика)
- Александар Витанов ( скијање)
- Зоран Петковски ( кошарка)
- Јелена Маја Николиќ ( џудо)
- Енис Даутовски ( атлетика)
- Ѓорѓи Бранов ( кошарка)
- Бојан Јовановски ( велосипедизам)
За спортист на Битола за 2005 г. беше прогласен Жарко Срдиќ, боди – билдер од Битола. По малата пауза, Срдиќ повторно се врати на својот омилен спорт и, откако ја освои титулата Државен првак, стана И балкански шампион во полутешка категорија на натпреварот одржан во Грција.
Танцовата двојка Ана Стојчевска и Валентин Апостоловски, инаку, членови TK „Степ”, го поделија второто место на ранг- листата на најдобрите за 2005 г. Беа државни прваци и освоија две трети места на меѓународни мошне силни натпревари.
Фудбалерот на „Пелистер”, Љупчо Мицевски, не само што беше најдобар во својата екипа, туку со игрите се наметна за член на репрезентацијата за фудбалери до 19 години, односно на екипата која во бараж натпреварите го освои првото место. Тоа беше доволно да се пласира на третото место.
Гимнастичарката Ана Арнаудова од ДГС „Партизан” учествуваше на сите државни првенства и на повеќе меѓународни натпревари. Во Македонија беше една од најдобрите и й недостасуваше само поголемо искуство за подобри резултати и на меѓународните средби. Четвртото место и беше доделено сосема заслужено.
На петтото место се пласира скијачот на „Пелистер”, Александар Витанов. Имаше настапи на повеќе од 20 меѓународни средби и ce наметнуваше како потенцијален кандидат Олимписките игри во Токио во 2006 г. Кога се прогласуваа најдобрите, тој беше во Сараево каде се обидуваше да избори виза за Олимпијадата.
Кошаркарот на „Пелистер”, Зоран Петковски, беше шести. Беше еден од најпрецизните во својата екипа.
Седмото место и припадна на џудистката на „Пелистер”, Јелена Маја Николиќ, стандардно добра и меѓу најдобрите во Македонија.
Осми беше атлетичарот на „Олимп”, Енис Даутовски, Државен првак во неколку дисциплини и втор на меѓународен натпревар на две илјади метри.
Деветтото место му припадна на Ѓорѓи Бранов, член на КК „Младост”, екипа која стана државен првак за кадети и завршното државно првенство беше прогласен за најдобар играч, со просек од 30 поени на натпревар.
Бојан Јовановски, член на велосипедскиот клуб „Пелистер”, беше еден од подобрите на натпреварите во Македонија и учествуваше на две меѓународни манифестации каде што обезбеди пласман на петтото и шестото место.
Наградите и признанијата на најдобрите им ги врачи претседателот на Сојузот на спортови – Битола, г-динот Силјан Мицевски.







