Албански Фљамуртари е новиот клуб на Филип Бошковски

Филип Бошковски е ново засилување за албанскиот тим Фљамуртари. Тимот од Валона ја засили својата одбрана со македонскиот фудбалер кој во Албанија се сели од екипата на Пелистер.

25-годишниот Бошковски во Валона замина слободен агент по неговото завршување на соработката со Пелистер.

Бошковски е роден на 28 октомври 2000 година, висок е 179 сантиметри и настапува на позицијата десен бек.

Со овој трансфер, 25-годишниот македонски фудбалер ќе има нов предизвик во својата кариера, по настапите за Пелистер и Работнички во Македонија, како и Самтредија во Грузија.