Ален и Адријан Рустемовски главна атракција на „Златниот гонг“

Викендов во Скопје ќ се одржи 54. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје. Нашата репрезентација ќе настапи со шест боксери, а ќе ги предводи европскиот вицешампион Ален Рустемовски и третопласираниот од Европското првенство Адријан Рустемовски. Двата битолски боксери се големи фаворити во своите тежински категории.

Борбите ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Во сабота е полуфиналето со почеток во 13:00 часот, а во недела финалето во 15:00 часот.

Македонска репрезентација на „Златен гонг“:
60кг.
Ален Рустемовски
Адријан Рустемовски
Стефан Петрушевски

70кг.
Наум Стојаноски

75кг.
Енис Алиу

80кг.
Никола Кисковски

На турнирот се пријавени 46 боксери од 8 земји.