Ален Рустемовски златен, Адријан Рустемовски и Здравевски се враќаат со сребро од Пале

Битолското „железно” момче Ален Рустемовски во финалето на Отвореното Балканско првенство во Пале, Босна и Херцеговина се закити со злато, победувајќи го во финалето противникот од Србија, Стефан Чамовиќ.

Финална борба имаше и неговиот брат Адријан Рустемовски, кој загуби од Артур Нагаптјан кој е роден Русин но боксува за Србија.

Вчера Давид Здравевски во кадетска конкуренција (80 килограми) беше поразен во борбата за златниот медал против Ѓорѓе Ѓориќ од Србија.