Синоќа во салата на Народниот театар од Битола се одржа 62-то издание на маниефстацијата „Избор на најдобри спортисти на Битола“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола. Градот под Пелистер избра два лауреати и прогласи најдобри и во поединечна и во екипна конкуренција.
Градоначалникот Тони Коњановски му ја додели наградата за најдобар спортист на Битола за 2025 година на европскиот вицепрвак во бокс, Ален Рустемовски, а статуетката за капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, дополнително ќе му биде доделена.
Второто место му припадна на ракометниот голмаб Никола Митревски, а третото на кикбоксерката Леа Бошевска. За најдобра екипа за 2025 година е прогласен рекометнио клуб Еурофарм Пелистер, шампион на Македонија. Најдобри млади битолски спортисти се: Наум Марковски, Марија Димовска, Арабел Рустемовски, Самоил Ристевски и Адријан Рустемовски.
Плакети за ветерани на спортот доби Благој Печалев, кој цел живот го посвети на кошарката. Посебни признанија за соработката на Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија, Сојузот на спортови им додели на Ѓорѓи Христов, Николче Новевски и Масер Омерагиќ. За посебни заслуги за промоција на спортот од Битола и за постигнати значајни резултати добија: Валентина Соколовска, Зорица Силјановска, Николче Андоновски, Христо Василевски, Горан Стефановски, Едмон Вејсели, Теодор Тили, Љупчо Спировски, Јани Богоевски, Анастасија Тодоровска, Бојан Тошевски, Марија Црвенковска, Горан Дамевски, Ултра Траил Маратон и СВР Битола.
Сара Стојановска, Марјан Илиевски и Димитар Капинковски добија признанија за нивниот ангажман како селектори на репрезентации, а Влатко Митревски, Ангела Домазетовска, Благојче Ралевски за нивното унапредување во меѓународни фудбалски судии во судиската организација. Благоја Љамчевски е крунисан со признание за завршување на фудбалската кариера.
Постхумно беше доделени посебно признание на семејството на прерано починатиот Зоран Петковски, за неговиот голем придонес во развојот на кошарката, како капитен на КК Пелистер и за неговиот придонес за развој на спортот во Битола како спортски работник.





