Американецот МекДауел потпиша за Пелистер

КК Пелистер го официјализира и првиот странец во ростерот за новата сезона. Камрон МекДауел ќе ја организира играта на Пелистер. Овој американски бек шутер доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната.

МекДауел има 23 години и висок е 196 сантиметри. Во пет сезони во колеџ лигата МекДауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра.

screenshot-capture-2026-08-06-09-50-48.png

Неговиот најдобар момент е сезоната 2024/25, кога за Норд-вестерн Оклахома стејт бележеше 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции. МекДауел беше дел од драфтот во НБА лигата во 2025 година, но се врати во универзитетската кошарка и пак остави трага. Беше еден од најдобрите стрелци за Тарлетон и се најде во најдобрите две петорки во лигата.

432210e6-c3cd-412d-bc58-905a8108a4dd.jpg

Неговото официјално претставување е предвидено за почетокот на подготовките.