На состанокот на собранието на Билјард федерацијата на Македонија (БФСМ), одржан во средата, со апсолутно мнозинство на присутните членови-клубови, беше избран третиот по ред претседател на федерацијата со четири-годишен мандат за периодот од 2026 до 2030 година.
Од Билијард федерацијата му се заблагодарија на досегашниот претседател, Дејан Сипковски за придонесот и ангажманот во афирмацијата на билјардот во Македонија и надвор од неа. За негов наследни е избран Игор Димовски од Битола.
„Искрени и најдлабоки честитки до Игор Димовски за преземената функција. Уверени сме дека со визијата, искуството, посветеноста и карактерот уште повеќе ќе придонесе за понатамошен развој и унапредување на спортот и спортските вредности. Му посакуваме успешен мандат, одлични резултати и позитивни промени кои ќе бидат во интерес на играчите и клубовите“, велат од федерацијата.
Димовски е третиот претседател на БФСМ по Сипковски и претходно Димитрие Маневски.





