Македонските боксери отпатуваа за Ереван, каде што викендов почнува Европско првенство за млади сениори до 23 години во организација на ЕУБЦ. Нашата репрезентација пријави тројца боксери, шампиони во своите тежински категории.
Боите на Македонија ги бранат:
57кг. Ален Рустемовски
60кг. Адријан Рустемовски
67кг. Јоаким Јовановски
Боксерите ги предводи тренерот Јове Петровски, а со нив е и судијата Стефан Цубалевски.





