Голема победа на пелистерки во директниот дуел со Спартак

Ракометарките на ЖРК Пелистер ја извојуваа првата победа во новата Суперлига. Битолчанки ја оправдаа улогата на фаворити и на домашен терен го совладаа тимот на Спартак со 23-18 (11-9).

Големи заслуги за победата на пелистерки има Анастасија Тодоровска која постигна десет погодоци, Одличен натпревар одигра и Даниела Шиниковска, автор на шест гола. Кај Спартак најефикасна беше Зорица Андовска со девет гола.

Со овие два бода ЖРК Пелистер се израмни на седмото и осмото место токму со денешниот противник – екипата на Спартак.

Следниот викенд ЖРК Пелистер гостува кај ЖРК Куманово.