Жарко Пешевски е играч на натпреварот на неделата против ПИК Сегед

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекинаа серијата порази во Лигата на Шампионите откако во седмото коло триумфираа против унгарски ПИК Сегед во крајно драматичен натпревар со 25-24 (11-8).

Жарко Пешевски беше играч на натпреварот и со седум гола најефикасен актер во тврдиот и тежок македонско-унагрски дуел.

По завршувањето на натпреварот делегатот Јован Попадиќ од Србија му го додели признанието на репрзентативниот кружен напаѓач.