Ракометарките на ЖРК Пелистер немаа сили за сенација. Фаворитот Ѓорче Петров немаше потешкотии да го победи младинскиот состав од Битола со 15-37 во полуфиналето на Купот на Македонија.
Натпреварот во салата „Парк“ во Струмица не понуди огромна борба, ама тоа беше и очекувано бидејќи во редовите на Пелистер имаше само една полнолетна ракометарка. Младинскиот колектив од Битола сепак се бореше и се обиде да парира против големиот фаворит.
Сепак, бргу „лавиците“ го решија мечот бидејќи отворија со перфектни 0-7, а потоа до полувремето водеа и со веќе огромни 5-19. Во вториот дел Пелистер заигра нешто подобро, ама немаше сили за било какво изненадување. Со девет гола најдобар стрелец на мечот беше Стефанија Ѓоргиевска, додека кај Пелистер по три дадоа Елмазовска, Бундоска и Тодоровска.
Ѓорчепетровки го чекаат својот ривал за утрешното финале, а тоа ќе биде подобриот од дуелот на ЖРК Чаир и Спартак вечерва.





