Ивановски погоди на дебито, Пелистер освои три бода во Ѓорче Петров

Пелистер стигна до првата победа во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Македонија ЃП славеше со 0-1 и од Ѓорче Петров си замина со цел плен. Пенал во финишот, кој го реализираше Иван Ивановски во 81.минута, беше клучен момент на овој натпревар.

Одлуката за најстрога казна предизвика бурни реакции кај домашниот состав, кој сметаше дека Христов симулирал и бараше судијата да ја промени одлуката. Сепак, пеналот остана на сила, а Пелистер до крајот ја сочува минималната предност.

По две последователни ремија на домашен терен против Камјани и Брера, битолчани конечно стигнаа до првите три бода во шампионатот.