Горди сме на традицијата, успесите и луѓето кои го издигнуваат македонското планинарство. На свечената академија по повод 90 години ПСК Пелистер, со огромна чест беше доделена плакета на д-р Сашко Кедев за неговите врвни достигнувања и исклучителен придонес во промовирањето на македонското планинарство и алпинизам.
Во рамки на настанот беше претставена и импресивната презентација за 14-те врвови над 8.000 метри, каде д-р Кедев ги сподели своите искуства, предизвици и инспирација од највисоките планински масиви на планетата.
Неговите експедиции на Хималаите и Каракорум, борбата со екстремни услови и силата на човечкиот дух беа мотив за сите присутни. Со оваа плакета оддаваме признание за човек кој го издигна македонското знаме на највисоките точки на светот и кој остава трага што ќе ја следат многу генерации.
Честитки и благодарност за сето направено!
ПСК Пелистер – 90 години љубов кон планината, историја, врвови и инспирација.





