Битолчанипрославија 80 години од ФК Пелистер на одличен начин со победа над романскиот великан фудбалскиот клуб Динамо Букурешт со 2-0 со головите на Тоадер (автогол), со што Пелистер поведе со 1-0, и капитенот Александар Ристевски кој беше прецизен од белата точка и го постави конечниот резултат 2-0, со што беше прославена јубилејната победа. На клупата исто така дебитира новиот тренер Милан Стојановски.
„Најпрво, честитки за Пелистер за 80-тиот роденден. Се работи за клуб со голема традиција и многу квалитетни работи низ својата историја. Драго ми е што го зголемивме со нашето присуство овој роденден. Благодарност и до сите на гостопримството, се е на високо ниво, само теренот не беше во најдобра состојба, но двата тима дадоа се од себе. Овој меч добро ќе ни послужи за продолжението на првенството во Романија. Го видовме и Мирко Ивановски, тој беше мој играч во Хајдук и Славен Белупо, играше и за Динамо Букурешт, така што на негова иницијатива и повик се договоривме да играме во овој термин“, изјави Жељко Копиќ.
Романскиот клуб денес се враќа во татковината по интензивните три дена во Битола.





