Македонскиот четвртолигаш, Јени Маале од Битола, денес ја продолжи својата интернационална приказна. Таа пред неколку години започна во Белград, продолжи во Загреб, стигна до Милано и во моментов е во Лисабон.
Клупската организација и овој пат беше и е на високо ниво и Јени Маале ќе игра интернационален пријателски натпревар со португалски нисколигаш, како дел од познат турнир. Впечатлива беше клупската фотографија со унифицирана облека на сите членови по пристигнувањето во главниот град на Португалија.
„Вечерва ќе го играме натпреварот со домаќинот Виљафранкензе – спортски противник кој што како ривал ни го обезбеди Благојче Рутевски, на кого што му сме неизмерно благодарни за трудот и вниманието. Јени Маале не е обичен фудбалски клуб. Напротив, ние сме повеќе од семејство, во кое што еквилибриумот е присутен помеѓу сите членови на клубот и управата“, вели капитенот Никола Пискачев.
Македонскиот клуб најави дека Португалците ќе ја возвратат посетата и планираме и наредната 2027 година ќе гостуваат во Битола.





