Пелистер волеј од Битола забележа рутинска победа и нови три бода на гостувањето во Кичево, во натпревар во кој сите имаа своја минутажа дпротив кичевска Ускана.
Тренерот Роберт Митковски ги ротираше сите 14 одбојкарки во 111. коло, потврдувајќи дека во сите одбојкарки има доволно квалитет да одговорат на задачата, што веројатно беше и пресметано штедење на силите за претстојното 12. коло, кога во Битола Пелистер Волеј во дерби дуел ја пречекува екипата на лидерот на табелата, екипата на Наковски Волеј од Струмица.
Битката за што подобра позиција пред нокаут фазата се заострува, затоа што е густо во средината на табелата каде што е и Пелистер волеј со скор 5 од 6.





