Женската ракометна репрезентација на Македонија, го претрпе и вториoт пораз во квалификациите за Европското првенство во 2026 година. По поразот од Германија, македонските ракометарки денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ загубија од Словенија. Во мечот од второто коло на третата група, одигран во Битола, Словенките славеа со 20-28.
Гостинките го отворија натпреварот со два врзани гола (0-2). Сепак нашите ракометарки брзо ги консолидираа редовите и израмни на 3-3, а потоа и поведоа со 4-3. Водеа црвено-жолтите се до 21, минута, по што Словенките го израмнија резултатот, а потоа тие поведоа. Гостинките на одмор заминаа со гол предност 11-12.
Во вториот дел се играше гол-за-гол до 33. минута, кога противничките врзаа два погодоци и за прв пат поведоа со три разлика 17-20. Во 43. минута напите ракометарки го постигнаа 18 гол (18-20), по што следуваше „црната-серија“ од 11 минути без постигнат погодок. Немаа решение селекторот Грчевски и неговите избранички, на подлабоката и поагресивна одбрана на противникот. Така Словенките врзаа осум голови во низа и на крајот славеа и убедлива победа со осум голови разлика.
Наша најефикасна ракометарка беше Ивана Арсениевска со четири реализации, додека три гола даде Ангела Јанкуловска. Кај Словенките најдобра беше Нуса Фегиќ со шест погодоци. Моќна партија меѓу македонските стативи имаше Драгана Петковска која собра 12 интервенции.





