Машката одбојка се враќа во Битола – се возобнови Пелистер Волеј!

Градот Битола повторно добива и машка одбојкарска екипа откако формиран е тимот на Пелистер Волеј.

По примерот на дамите, така ќе има и машка екипа. Од Пелистер Волеј велат дека машката одбојка е обврска кон генерациите кои удрија темел на клубот Пелистер уште во раните деведесетти години кои задолжија со својата визија за создавање на денешниот модерен клуб.

Пелистер Волеј веќе почна со регрутација на одбојкари, ќе се формира и младинска школа, а како можете да бидете дел од неа, погледнете во продолжение.