Македонската одбојка е на заслужен одмор, но веќе стартуваа подготовките на екипите за пролетниот дел. За тоа како помина оваа полусезона, откако Пелистер волеј е врати во Првата лига, зборуваше тренерот Роберт Митковски.
„Есенскиот дел на оваа наша сезона во која сме повратници во Првата лига имавме 4 победи, со озсвоени 11 бода. Имавме и 5 порази од кои извлековме дополнителни можеби клучни два бода, со позитивен скор на освоени сетови (18-17), додека на само еден натпревар завршивме без освоен сет. Би сакал да кажам и дека иако како новајлии сме единствена екипа која на лидерот во есенскиот дел му одзеде еден бод и два сета воопшто, а за тоа дали е зад0волен од прикажаното додава:
Од прикажаното можеме да бидиме сосема задоволни, со оглед на тоа што патот до овде, очекувано, го поминавме на најтешкиот можен начин. Поминавме навистина тежок пат не само затоа што имавме 1-5 од првите 6 натпревари, туку и два несреќни порази од 2:3 на стартот по што имавме и мал психолошки пад. Разбирливо, на самиот старт предвреме бевме видени како големи фаворити со оглед на бројните засилувања. Сосема „нормално” за денешно време очекувањата на јавноста беа дека Пелистер ќе впишува брзи и лесни победи со секој противник, на што укажавме дека тоа е опасност на која не смееме да потклекниме како екипа“, вели Митковски.
Зрелоста која ја покажа стручниот штаб Митковски, заедно со Александар Темелковски е секако со помош на Владимир Трифуновски донесе трпение и висок степен на самодоверба, и работа со одбојкарките на тоа дека сето тоа е само неоснован притисок, што во финишот од полусезоната резултираше со три последователни и заслужени победи.





