Митревски и Тодоровски се враќаат во ЛШ, ќе судат на дуелот Киелце – Динамо Букурешт

По еден натпревар во Европската лига, битолските судии Митревски и Тодоровски се враќаат во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од деветтото коло во Лигата на шампионите.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе патуваат во Полска следната недела. Битолските судии ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу полскиот вицепрвак Киелце и романскиот шампион Динамо Букурешт.

Натпреварот меѓу Киелце и Динамо Букурешт ќе се игра на 26 ноември од 18:45 часот во салата „Легионов“.