Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито во Европската лига

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во Европската лига во машка конкуренција.

Битолската интернационална двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски за првпат ќе судат оваа сезона во Европската лига. Тие патуваат во Шведска и ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Карлскрона и португалската Бенфика.

Овој натпревар на кој делегат ќе биде Данецот Нилсен е закажан за 11 ноември во „Бринова Арена“ во Карлскрона од 20:45 часот.