Некогашниот „бисер“ на Партизан последно зимско засилување на Пелистер

Попладнево раководството на Пелистер и официјално го претстави своето најново зимско засилување. На крајот од преодниот рок, македонскиот прволигаш Пелистер доведе уште еден новајлија, кој ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот за остатокот од сезоната.

Од соседна Србија во Битола доаѓа офанзивниот фудбалер за врска Михајло Петровиќ, кој до крајот на сезоната ќе игра на позајмица од ОФК Београд.

Се работи за 20-годишен фудбалер, кој потекнува од школата на Партизан, а ги мина сите младински категории во српската репрезентација. Тренерот Милан Стојановски добро го познава од периодот минат во Телеоптик, а во есенскиот дел на сезоната му се приклучи на ОФК Београд.

Петровиќ пристигнa во Битола и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб за остатокот на сезоната во Првата фудбалска лига.