Никогаш подобар старт: Пелистер го декласира Работнички среде Скопје со +40

Кошаркарите на Пелистер триумфално ја отворија новата сезона откако попладнево рутински славеа на гостувањето против Работнички со убедливи 75-115. Домашниот тим настапи значително подмладен, без ниту едно странско засилување во тимот, а „пелистерци“ го искористија тоа за без многу мака да стигнат до посакуваниот резултат.

Дуелот беше израмнет до 6-6, по што Пелистер презеде контрола над резултатот, битолчани пред крајот на првата четвртина стигнаа до првото двоцифрено водство со поените на Дејвис (13-24), по што тројка погоди и Крстевски за овој дел од мечот да заврши со убедливи 13-27 за „зелено-белите“.

Работнички за момент влезе во ритам и ја спушти разликата под десет поени, но Пелистер се врати во ритам и со поените на Малешевиќ и на Митревски на одмор се замина со предност на битолчанни од 40-52.

Третиот период мина во извонредно офанзивно издание на „зелено-белите“. Пелистер погоди дури осум тројки во овој дел од мечот, добивајќи ја четвртината со 16-37 и влегувајќи во последните десет минути со убедливи . Преостанатиот период беше рутина за „пелистерци“ кои ја одржаа убедливата предност, на крајот славејќи со конечни 75-115.

Седум кошаркари на Пелистер имаа двоцифрен ефект, најефикасни беа Малешевиќ со 22 поени, центарот Ленгстон Вилсон со 18 поени, Митревски и Си-Џеј Вилсон со по 15 поени…