Фудбалерите на Новаци не издржаа до крај и примија гол со кој го загубија гостувањето против Скопје во Автокоманда. Домаќинот успеа со минимални 1-0 да слави во дуелот со Новаци.
Голот за победа на „пиратите“ од Автокоманда падна во финишот од дуелот на „Железарница“, а го постигна Мировски Тео во 88. минута.
Новаци остана на деветтото место на табелата во Втората лига со 13 бода по девет одиграни кола. Следниот викенд во рамките на десеттото коло новачани го пречекуваат Големо Коњари.





